Младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони е толку воодушевен од работата со новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте што го нарече италијанскиот тренер „Лионел Меси меѓу тренерите“.
Поранешниот тренер на Јувентус, Челси и на италијанската репрезентација, го започна владеењето со Интер со две победи во Серија А, за да се на првото место на табелата поради подобра гол-разлика. Многумина веруваат дека Интер ќе се најсериозниот конкурент на Јувентус за титулата, посебно по доаѓањето на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез и Бастони вели дека ужива во работата.
„Сите зборуваа за Конте со најголеми пофалби, а јас дури сега добив потврда во тоа колку тој е голем. За мене, Конте е Меси меѓу тренерите. Тој е феноменален, има неверојатно фудбалско познавање и идеи и секогаш сака да дава голови. Тренинзите се напорни, но така беше и под Џанпјеро Гасперини кога играв во Аталанта. Разликата е во квалитетот на работа. Имаме тренер и тим за големи работи и треба да го покажеме тоа“, вели Бастони за „Ла газета дело спорт“.