Top Sport

Србинките во драматичен петти сет ја одбранија европската титула

Женската одбојкарска репрезентација на Србија ја одбрани титулата од Европското првенство, откако во драматичен меч во пет сета со 3:2 (21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13) го победија домаќинот, репрезентацијата на Турција во Анкара.

Пред финалето, девојките на Зоран Терзиќ во седум меча немаа пораз, ниту пак мораа да играат пет сета, но против мотивираните Турчинки прво го загубија првиот сет, па потоа откако ги освоија следните два, дозволија израмнување, пред конечно во тај-брејкот да победат со 15:13.

Бронзениот медал во Турција го освои репрезентацијата на Италија, која со 3:0 (25:23, 25:20, 26:24) ја победи Полска.

Scroll to Top