Top Sport

Бастони сака да се пресели во Барселона

Шпанските медиуми објавуваат дека дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони ја прифатил понудата на Барселона. Сега за Каталонцирте следува потешкиот дел од работата, да се договорота за обесштетувањето со Бепе Марота.

Пазарната вредност на Бастони се проценува на околу 70 милиони евра, што е висока сума за Барса (не за некои други). Покрај тоа, Барселона сè уште има проблеми со правилата за финансиски фер-плеј за следната сезона. Поради тоа, Деко има резервни варијанти ако првиот план не успее.

На неговиот список има и други имиња, како што е Мики ван де Вен од Тотенхем, односно Лука Вушковиќ од Хамбург и покрај тоа што игра со десната нога.

Вредноста на овие двајца играчи се проценува на 50 до 65 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');