Top Sport

Бата Мирковиќ се потсети на моментот кога го грабна Јарни за јајца (видео)

Тренерот на Партизан, Зоран Бата Мирковиќ вели дека е нервозен пред дуелот на Србија и Црна Гора во Лигата на нации, а во исто време се потсети и на неславното „фаќање за јајца“ на Роберт Јарни во класичниот дуел Хрватска-СР Југославија.

„Се надевам дека натпреварот ќе помине мирно и тоа е најважно во моментов. Поените значат многу на двете репрезентации, но ова би требало да биде меч на две братски репрезентации. Србија е мојата земја, моето потекло е тука, но пред некое време работев со репрезентацијата на Црна Гора и делев добро и зло со тие момци“, вели Мирковиќ.

На денешен ден пред 19 години (9 октомври 1999 година) се одигра славниот натпревар меѓу Хрватска и СР Југославија во Загреб како дел од квалификациите за ЕП во Холандија и Белгија. Мечот, нормално со големи тензии, заврши со 2:2 и ги однесе СР Југославија на првенството и ги елиминираше Хрватите.

Еден од „најинтересните“ моменти на тој меч беше дуелот на Мирковиќ со Роберт Јарни. Откако Јарни нешто му дофрли, Мирковиќ кој беше за тревата директно го фати Хрватот за јајца и доби црвен картон (поради кој не настапи на ЕП). Трите прсти на аеродромот во Загреб му донесе уште поголема слава во Србија. Но, Мирковиќ вели дека моментот не е важен.

„Верувајте, тој случај со Јарни го ставив некаде далеку и одамна ќе го заборавев да не ме потсетувавте. Јас херој? Каков херој, тоа беа момците кои издржаа цело полувреме со играч помалку“, објаснува Мирковиќ.

Scroll to Top