Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Родриго Батаља се потсети на мечот во кој ја доби неблагодарната работа да го следи „нискиот“ Лионел Меси во 90 минути од нивниот меч од Лигата на шампионите во 2017/18.
Пред гостувањето на Каталонците, тогашниот тренер на Спортинг, Жорге Жесус му кажал на Батаља дека ќе ја има клучната работа на мечот, оставајќи го во незавидна позиција.
„На првиот тренинг таа недела, Жорге ми кажа: ‘Бата, ти ќе не браниш од нискиот’. Бев шокиран. Го прашав: ‘Низ целиот терен, господине?’. Тој ми кажа: ‘Да, во основа така’. Бев малку засрамен бидејќи морав да го следам најдобриот насекаде. Тоа беше првпат во мојот живот да ми се случи такво нешто. Шефот дури ми пушти видеа од Меси, но му кажав дека веќе ги имам гледано сите. тој инсистираше и ги гледавме видеата заедно“, вели Батаља.
Аргентинецот, сепак, солидно ја заврши работата – Спортинг загубија само со 1:0 по автоголот на Себастијан Коутс.