Хамес Родригез уште еднаш докажа дека сигурно е едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата ова лето, откако вчера ги предводеше Евертон до 4:2 победа над Брајтон со два гола и асистенција, а видеото со неговите најдобри потези во текот на мечот покажува дека Карло Анчелоти направил вистински подвиг кога го донел 29-годишниот Колумбиец на „Гудисон парк“.
Видеото на кое се собрани најдобрите потези на Родригез, покажува дека човекот кој стана ѕвезда на Светското првенство во Бразил во 2014 година, не го загубил својот „магичен“ допир на топката.
Тој го заврши мечот со 94 отсто прецизни додавања од 72 допири на топката, на него беа направени пет фаули и тој креираше две шанси. Досега, во само неколку меча со „карамелите“, тој го подобри бројот на голови од минатата сезона со Реал Мадрид и Анчелоти не беше изненаден.
„Како што кажав веднаш, фудбалерите кои се квалитетни, немаат проблем со адаптацијата. Квалитетот е тука, бидејќи фудбалот не е толку компликувана игра. Теренот е секогаш ист, противниците секогаш се 11 на број, топката е иста, голмот не се мрда… Фудбалот е едноставен спорт, не е многу компликувано“, вели Анчелоти.
James Rodríguez Vs Brightonpic.twitter.com/SNFLi8SdGh
— BNS Comps (@BnsComps) October 3, 2020