Во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони фудбалерите на БАТЕ Борисов го совладаа Розенборг со 2-1.
Во петтата минута белоруската екипа поведе со 1-0 од пенал, со голот на Игор Стасевиќ. Сепак до крајот на полувремето со голот на Конрадсен норвешкиот тим израмни на 1-1.
Предноста од 2-1 која носи неизвесен реванш беше дело на Максим Скавиша во 51 минута.
Победникот од овој двомеч оди на мегдан со подобриот од дуелот Марибор – АИК Стокхолм.