Top Sport

Ференцварош лесно со малтешка Валета, минимални победи за Клуж и Марибор

Фудбалерите на унгарски Ференцварош убедливо со 3-1 славеа на свој терен важна победа во второто претколо од Лигата на шампиони против тимот на Валета од Малта и со тоа направија голем чекор напред кон двбј со загребски Динамо во третото претквалификациско коло.

Ференцварош поведе со автоголот на Хенри Бонела во 19 минута, а водството го дуплираше Давид Ланзафам 15 минути подоцна. Истиот играч беше стрелец и на третиот гол за унгарскиот ти во 59 минута.

Гостите единствено што успеаја да сторат на овој меч беше погодокот на Јури де Хесус во 85 минјута за конечни 3-1 пред ревашн дуелот.

Со минимална предност пред реваншот победа од 1-0 славеше и романски Клуж во дуелот со израелски Макаби Тел Авив. Стрелец на единствениот погодок за домаќините беше Омрани во 22 минута од мечот.

Во Словенија, пак, Марибор во второто претквалификациско коло славеше со 2-1 минимален триумф над тимот на АИК Стокхолм.

Сите три гола на овој дуел беа постигнати во првиот дел. Домашните поведоа во 1-0 во 6 минута со голот на Кронаветер, на 1-1 израмни Гоитом во 28, додека конечните 2-1 ги постави Ивковиќ во 38 минута.

Scroll to Top