Top Sport

БАТЕ со минимална предност пред Розенборг ќе патува за Норвешка

Во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони фудбалерите на БАТЕ Борисов го совладаа Розенборг со 2-1.

Во петтата минута белоруската екипа поведе со 1-0 од пенал, со голот на Игор Стасевиќ. Сепак до крајот на полувремето со голот на Конрадсен норвешкиот тим израмни на 1-1.

Предноста од 2-1 која носи неизвесен реванш беше дело на Максим Скавиша во 51 минута.

Победникот од овој двомеч оди на мегдан со подобриот од дуелот Марибор – АИК Стокхолм.

Scroll to Top