Top Sport

Батистута му честиташе на Роналдо, но додаде: Лесно е кога се одмараш

Габриел Батистута му честиташе на Кристијано Роналдо за израмнувањето на неговиот рекорд во Серија А преку социјалните мрежи, иако мораше да посочи дека е „полесно кога се одмараш“.

Роналдо постигна гол при 2:1 победата на Јувентус над СПАЛ вчера, што беше 11-ти натпревар во низа во кој тој постигнува гол за „бјанконерите“, израмнувајќи го рекордот на Батистута со Фиорентина во 1994/95 и на Фабио Кваљарела со Сампдорија минатата сезона. Популарниот Батигол му честиташе преку Твитер, но мораше да забележи.

„Честитки Кристијано за рекордот. Единствено нешто што ми изгледа дека е полесно кога се одмараш“, напиша Аргентинецот.

Батистута го посочи фактот дека Роналдо паузираше на минатонеделниот меч против Бреша, додека кога тој го постави рекордот тој беше присутен во сите 11 меча на стартот на сезоната 1994/95. Кваљарела исто така пропушти еден натпревар во низата. Роналдо има шанса да ги помине следната недела против Интер (ако се игра во Италија поради корона вирусот).

Scroll to Top