Top Sport

Брињоне со блескава победа стана лидерка во генерален пласман! (видео)

Федерика Брињоне е новиот лидер во генерален пласман во Светскиот куп во алпско скијање по триумфот на трката во алпска комбинација во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана.

Брињоне беше лидер по утринската супер-џи трка за да остане прва и по слаломската трка за победа со комбинирано време од  од 1:15.62, за 0.92 секунди пред Австријката Франциска Грич и дури 1.82 секунди пред третопласираната Чехинка Естер Ледецка. Петра Влхова, која беше втора по супер-џи трката, не го заврши слаломот и пропушти шанса да стане втора во генерален пласман.

Со 100-те поени за победата, Брињоне има 1.298 на првото место во генерален пласман пред Микаела Шифрин со 1.225 и Влхова со 1.139. Американката Шифрин не се врати на скијачките терени  овој месец по смртта на нејзиниот татко. Од американскиот тим не знаат дали таа ќе се врати оваа сезона или ќе ја пропушти круната на Брињоне или Влхова без борба.

Scroll to Top