Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута се наоѓа во големи проблеми во својата татковина, откако му бил „замрзнат“ цел имот поради неплатен данок кон државата од фантастични 32 милиони евра, јавува весникот „Кларин“.
Судијата во неговиот роден градд Реконквиста наредил замрзнување на имотот на барем пет дена давајќи му последна шанса да ги плати обврските кон државата. Ова не е првпат популарниот поранешен напаѓач на Фиорентина да има проблеми со даночните служби, откако заедно со Карлос Тевез беше против вонредниот данок кој го воведе Аргентина да се помогне при пандемијата на КОВИД-19.
53-годишниот Батистута се повлече од фудбалот во 2005, откако поголемиот дел од кариерата играше во Италија со Фиорентина, Рома и Интер, постигнувајќи 183 гола во 318 меча во Серија А.
Gabriel Batistuta fue embargado por la Justicia por una deuda millonaria con la AFIP https://t.co/l6Vwoxfu0O
— Clarín Deportes (@Clarin_deportes) March 30, 2022