Мичи Батшуаи се „отвори“ околу причината поради која неговите настапи за Борусија Дортмунд од трансферот од Челси во јануари се спектакуларни, додека во лондонскиот клуб се мачеше со формата.
24-годишниот белгиски напаѓач беше клучен во трансферот меѓу три тима, со кој Пјер-Емерик Обамејанг дојде во Арсенал, а Оливие Жиру замина во Челси, откако настапи само во три меча од Премиер лигата за Челси оваа сезона. Во Дортмунд пак, тој постигна осум гола во 11 натпревари.
„Во Челси не играв, така што е добро повторно да се чувствуваш Важен. Знам зошто е така – во Дортмунд бев топло пречекан и веднаш добив љубов. Кога е таква ситуацијата, веднаш си подобар“, вели Батшуаи.
Запрашан дали трансферот во Дортмунд сака да го направи постојан, напаѓачот остана без коментар.
„Навистина не сакам да зборувам за тоа. Ниту за Челси“, вели Батшуаи.