Top Sport

Батшуаи спречи победа за Евертон по прекрасниот гол на Хамес Родригез

Хамес Родригез го постигна својот прв гол од февруари, но Евертон одиграа само 1:1 со Кристал палас да си ги загрозат шансите за топ 4 пласман во Премиер лигата.

Колумбиската ѕвезда паузираше подолго време поради повреда, а сега во 56. минута, ја искористи шансата за да постигне убав гол по мешаницата пред голот на Палас, негов петти гол во Премиер лигата оваа сезона и вкупно 100. гол во европскиот фудбал. Меѓутоа, гостите во финишот на натпреварот беа далеку поактивни, и конечно, во 86. минута преку Мичи Батшуаи стигнаа до израмнување.

Со ремито, Евертон ја прекина низата од два порази едноподруго, но остана на осмото место на табелата со 47 поени. Од петтото место до седмото, три клуба имаат по 49 поени (Тотенхем, Ливерпул, Вест хем), а ниту Челси не е далеку на четвртото место со 51 поен. Палас се 12. со 38 освоени поени.

Scroll to Top