Белгискиот фудбалер Миши Батшуаи кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче, соопшти турскиот клуб.
Поранешниот напаѓач на Челзи минатата сезона беше позајмен на Бешикташ.
Во својата досегашна кариера 28-годишниот играч играше за Стандард Лиеж и Марсеј, пред да се пресели во Челзи во 2016 година.
За време на договорот со лондонскиот клуб, пет пати беше позајмуван во други клубови: Борусија Дортмунд, Валенсија, двапати во Кристал Палас и Бешикташ, каде минатата сезона постигна 14 гола.
Белгискиот интернационалец требаше да премине во Нотингем Форест, но трансферот пропадна во последните минути од преодниот рок бидејќи Челси не ја достави документацијата на време. во летниот преоден рок, но трансферот не беше завршен навреме.