Top Sport

Баумгартнер најмлад стрелец на ЕУРО – Австрија води против Украина

Во вториот меч од нашата група, директната пресметка за второто место и сигурен пласман во осминафиналето, Австријците имаат 1:0 предност, откако Криштоф Баумгартнер во 21. минута стана најмладиот стрелец на ЕУРО 2020.

Со 21 година и 324 дена, фудбалерот на Хофенхајм е најмладиот стрелец досега на шампионатот, но за жал поради повреда само 11 минути подоцна беше изваден од игра.

Scroll to Top