Top Sport

Баварците го „изгореа“ северен Лондон со седум гола, Звезда до прва победа (видео)

Баерн Минхен прими гол уште во 12. минута од гостувањето на „Стадионот на Тотенхем“, но потоа го „растури“ финалистот од ЛШ, откако предводени од хет-трикот на Серж Гнабри стигнаа до апсолутно неверојатна 7:2 победа.

Атлетико Мадрид и Јувентус ја продолжија трката за првото место во групата Д со рутински 2:0 победи, Манчестер сити го „скрши“ отпорот на Динамо Загреб за 2:0 победа, додека Црвена звезда во финишот успеа да го совлада Олимпијакос со 3:1, откако гостите речиси цело второ полувреме играа со играч помалку.

Хеунг-Мин Сон ги донесе Тотенхем во водство во 12. минута на домашен терен, но тоа како да ги налути Баварците. Три минути подоцна Џошуа Кимих израмни на 1:1, за Роберт Левандовски во 45. минута да донесе водство за тимот на Нико Ковач.

Во второто полувреме на сцена стапи Серж Гнабри (инаку поранешен фудбалер на лутите ривали Арсенал), кој за две минути во 53. и 55. минута го зголеми резултатот на 4:1, пред Хери Кејн во 61. минута да намали на 4:2. Финишот беше апсолутно неверојатен – Гнабри во 83. минута го комплетираше хет-трикот, во 85. минута Левандовски зголеми на 6:2, а Гнабри во 88. минута ги постави конечните 7:2.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА А

Реал Мадрид – Клуб Бриж 2:2

Галатасарај – Пари Сен-Жермен 0:1

Табела: 1.ПСЖ 6, 2.Бриж 2, 3.Галатасарај 1, 4.Реал Мадрид 1

ГРУПА Б

Црвена звезда – Олимпијакос 3:1

Тотенхем – Баерн 2:7

Табела: 1.Баерн М. 6, 2.Ц.Звезда 3, 3.Олимпијакос 1, 3.Тотенхем 1,

ГРУПА Ц

Аталанта – Шахјтор 1:2

Манчестер сити – Динамо Загреб 2:0

Табела: 1.Манчестер сити 6, 2.Динамо З. 3, 3.Шахтјор 3, 4.Аталанта 0

ГРУПА Д

Јувентус – Баер Леверкузен 2:0

Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 0:2

Табела: 1.Јувентус 4, 2.Атлетико Мадрид 4, 3.Локомотив М 3, 4.Баер Леверкузен 0

Scroll to Top