Баерн Минхен како гостин во Бремен го совлада Вердер со 3-1 во рамки на 25. коло во Бундеслигата. Баварците до убава, комотна предност стигна уште во првото полувреме кое го добија во своја корист со 2-0.
Томас Милер асистираше до Горецка, а овој во 22 минута донесе предност од 0-1.
Во 35 минута асистентот е ист, реализатор е Габри за 0-2.
Стандардно, Левандовски се запишува во листата на стрелците. Полјакот во 67 минута прецизно стрела за убедливи 0-3.
Почесниот погодок за домаќините беше дело на Фалкруг во 86 минута.
Со денешните 3 бода, Баерн барем до утре ќе е на +5 бода пред второпласираниот Лајпциг, додека Вердер останува 12-ти со 30 бода.
Шалке доживеа нова бламажа, загуби со убедливо со 5-0 на гостувањето кај Волфсбург и сега тимот од Гелзенкирхен е уште подлабоко на дното на Бундеслигата.
Волфсбург поведе со 1-0 благодарение на автоголот на Шкодран Мустафи во 32 минута, а стрелци на погодоците за домашниот тим беа уште Вегхорт. 51 минута за 2-0, Баку во 58 минута за 3-0, Брекало во 64 минута за 4-0 и Филип во 79 минута ги постави конечните 5-0.
На останатите два меча од попладневниот термин во Бундеслигата, Мајнц на својот стадион минимално со 1-0 го совлада Фрајбург, додека Унион Берлин со 2-1 беше поуспешен од тимот на Келн.