Top Sport

Баже Лазаревски, нов тренер на Работнички

Координаторот на младинската школа, Баже Лазаревски, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на ФК Работнички. Раководството одлучи да му даде доверба на искусниот Лазаревски, кој долг период координира со младинската академија во клубот.

Тој ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Работнички до крајот на сезоната, а негови асистенти ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски.

По неотповикливата оставка на Жикица Тасевски, раководството на клубот мораше да донесе итна одлука, а Баже Лазаревски ќе биде на клупата на ФК Работнички на неделниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров.

извор/fkrabotnicki.com

Scroll to Top