Калчолигашот Милан е во потрага по ново засилување. Талентираниот играч од среден ред, Бубакар Сумаре (21) од француски Лил е мета на „Росонерите“, пишува италијански „Калчомеркато“.
Милан овој месец ќе се обиде Сумаре да го доведе на позајмица на „Сан Сиро“ со право на откуп на договорот.
Прашање е дали на такво нешто ќе се согласи францускиот клуб затоа што младиот фудбалер е еден од најдобрите во екипата. Неговиот прекар е „новиот Погба“. Фудбалските почетоци му се во ПСЖ, а во Лил дојде од втората екипа на „Светците“.
Се проценува дека неговата цена е околу 25 милиони евра.