Top Sport

Беговиќ не се враќа на „Сан Сиро“, Милан носи 34-годишен Романец на голот

Голманот на репрезентацијата на БиХ, Асмир Беговиќ нема да се врати во Милан, откако минатата сезона беше на позајмица од тимот на Борнмут. „Росонерите“ ја разгледуваа можноста да го откупат неговиот договор, но на крајот не се договориле.

Раководството на италијанската екипа пронајде нов резервен голман, а се работи за 34-годишниот Романец, Чипријан Татарушану. Тој, неофицијално, се договорил со миланската екипа, а во „градот на модата“ доаѓа од редовите на француски Лион.

Освен во Лион, Татарушану го бранел и голот на Јувентус Букурешт, Глорија, Стеауа, Фиорентина и Нант.

Беговиќ и понатаму е под договор со Борнмут, екипата која следнава сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип.

Scroll to Top