Top Sport

Бехиќ трагичар, евро-гол на Хурстиќ – Јапонија ја победи Австралија

Јапонија остана во игра за пласман на Светското првенство, откако во драматичен натпревар успеа да ја победи Австралија со 2:1. Јапонците, во Б-групата, во четвртото коло ја забележаа втората победа и се искачија на третото место на табелата со шест бода, три помалку од Австралија и Саудиска Арабија, која има натпревар помалку.

Натпреварот во Саитама, го реши трагичарот Азиз Бехиќ, со авот-гол во 86.минута. Репрезентативецот на Австралија несмасно реагираше откако Мет Рајан го одбрани ударот на Асано.

Претходно, Јапонија го отвори резултатот во осумата минута, со голот на Танака. На голот му претходеше голема грешка на Бехиќ, кој со лошото поставување му овозможи на Танака да се најде во позиција да постигне гол.

Австралија израмни во 70.минута, преку Ајдин Хурстиќ. Австралиецот успеа да погоди од слободен удар, и покрај тоа што во живиот ѕид на Јапонија стоеја седуммина фудбалери.

Покрај што забележаа победа, Јапониците ја прекинаа неверојатната серија од 11 триумфи во која се наоѓаат Австралијците.

Scroll to Top