Top Sport

Беитар го смени името во Беитар Трамп Ерусалим во чест на американскиот претседател

Во потег кој сигурно ќе биде пречекан со бурни реакции, израелскиот фудбалски клуб Беитар Ерусалим официјално го смени своето име во чест на американскиот претседател Доналд Трамп.

Познати како „Беитар Ерусалим“ од основањето пред 82 година, официјалните лица во клубот потврдија дека отсега ќе бидат познати како „Беитар Трамп Ерусалим“.

Ова доаѓа по одлуката на Трамп да отвори американска амбасада во Ерусалим, со што практично го признава овој град за престолнина на Израел, иако повеќето европски земји го сметаат за главен град Тел Авив. Одлуката на Трамп предизвика немири кај Палестинците, кои исто така го сметаат Ерусалим за свој главен град.

„Претседателот Трамп покажа храброст и вистинска љубов за израелскиот народ и неговата престолнина, така што фудбалскиот клуб Беитар Ерусалим, еден од симболите на градот, е среќен што може да го почести претседателот за неговата љубов и поддршка со наш гест. Претседателот на клубот Ели Табиб и извршниот менаџер Ели Охана решија да го додадат името на американскиот претседател на нашиот клуб, кој отсега ќе биде познат како ‘Беитар Трамп Ерусалим’. Имаме голема љубов за претседателот и со него ќе победиме“, се вели во објавата на клубот.

Scroll to Top