Top Sport

Милан можеби ќе го продаде Донарума

Директорот на фудбалскиот клуб Милан, Масимилијано Мирабели, потврдил дека клубот би можл да го продаде талентираниот голман Џанлуиџи Донарума.

Интерсе за голманот, на неколку европски гиганти, постои уште од минатата година, меѓутоа тогаш Милан успеа да го задржи во клубит.

Прашање е дали во клубот сега ќе се обидат да го задржат бидејќи голманот е во немилост на навивачите по катастрофалните грешки на натпреварите со Јувентус, во финалето на Купот и Аталанта во првенството.

Италијанските медиуми објавија дека по синоќешниот натпревар во бергамо (Аталанта-Милан 1:1), навивачите одбиле да го земат дресот на Донарума.

„Мораме да го заштитиме Донарума и тоа како клуб ќе го направиме“, рекол Мирабели.

„Ќе видиме што ќе се случи со него, но тоа важи и за останатите играчи. Во моментов е дел од клубот и нема лесно да се откажеме од него. Сепак, доколку добиеме добра понуда, секој од нашите играчи може да биде продаден. Постојат многу побогати клубови со кои не можеме да се мериме финансиски. Не смееме да се залажуваме дека можеме да првилечеме големи фудбалски имиња како што тоа го правевме во минатото“, дополнил директорот на Милан.

За Донарума, според италијанските медиуми, заинтересирани биле ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top