Велшкиот фудбалски интернационалец во Реал Мадрид, Герет Бејл вчера го прослави својот 31-ви роденден, а подарокот му го донесоа соиграчите – 34-тата шампионска титула во Ла лига.
Но него тоа воопшто не го интересираше.
Додека играчите на Реал славеа, тој стоеше на страна и одвај чекаше целата церемонија да заврши. Беше во втор план и делуваше незаинтересирано.
Познато е дека Велшанецот е во немилост на Зидан. Тој го остави на клупата за резерви на последните 6 меча.
Во 2013. за него Реал на Тотенхем му плати тогаш рекордни 101 милиони евра, а годишната плата му е 17 милиони евра.
Сезонава одигра само 20 меча и постигна 3 гола, додека вкупно за Реал во седумте сезони настапи на 251 меч, постигна 105 погодоци и освои 13 трофеи во сите натпреварувања.
? ? VAMOS TEAM! ??#34Ligas | #RealFootball pic.twitter.com/aHx2eMiVum
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) July 16, 2020