Top Sport

Бејл: Бев лут, многу лут (Видео)

Утре започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а фудбалерите на Реал ќе се обидат да ја одбранат титулата, која веќе три години е во нивна сопственост.

Пред почетокот на новиот поход кон титулата, напаѓачот на Реал, Герет Бејл, открил дека бил многу лут пред финалниот меч со Ливерпул, кој Реал во Киев го доби со 3:1.

Бејл, финалето, го започна на клупата за резерви, а по влегувањето во игра, со два гола го реши победникот. Првиот гол на Вечшенецот е еден од најубавите постигнат во финалните натпревари.

Тој открил дека голот бил производ на неговиот бес и фрустрација што не се нашол во стартниот состав.

„Бев лут. Да бидам искрен, бев многу лут. Мислев дека заслужувам да бидам стартер на тој натпревар. Постигнував голови во текот на целата сезона, а пред финалето бев во добра форма. Не е лесно таа лутина да ја задржите во себе“, рекол Бејл.

Велшанецот, првиот гол го постигна со ножички, откако Марсело му испрати идеална топка.

„Во такви ситуации можете да ја примити топката и да смислите што ќе правите со неа. Но можете да бидете сигурни дека ќе ве затворат и дека нема да можете потоа да сторите ништо. Поради тоа морате да се обидете да направите нешто друго. Едно е сигурно не размислувата дали ќе испаднете глупави. Но доколку не се обидете, тогаш ништо и нема да се случи. Во такви ситуации го следиш инстинктот и се надеваш дека ќе постигнеш гол. Знаев каде е топката. На снимката се гледа дека ја свртев главата за да го испратам движењето. Веднаш знаев дека таа топка е добра“, дополнил Бејл.

Напаѓачот на Реал не сакал да прави споредба помеѓу Зинедин Зидан и Хулен Лопетеги, само рекол дека со новиот тренер му е полесно да работи бидејќи тој течно говорел англиски.

Реал, новата сезона во Лигата на шампионите, ќе ја отвори в среда на домашен терен против Рома.

Scroll to Top