Top Sport

Бекам до Ибрахимовиќ: 500 гола, тоа значи дека си многу стар

Златан Ибрахимовиќ, во саботата, го постигна 500.гол во кариерата. Честитки на адреса на Швеѓанецот пристигнуваат од сите страни на светот, а една од поинтересните била испратена од Дејвид Бекам.

Ибрахимовиќ, 500.пат во кариерата погоди во поразот на ЛА Галакси од Торонто 3:5, а потоа во свој стил го искоментирал тој момент.

„Драго ми е за Торонто. Ќе бидат запаметени како мојата 500.жртва“, рекол Швеѓанецот.

Јубилејот на оригинален начин му го честитал, неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Дејвид Бекам.

„Златан, сакам да ти честитам. 500 гола, каква кариера, каков играч, какво достигнување. Уживање беше да се игра со тебе и против тебе, задоволство е да се биде твој пријател. 500 гола – тоа значи дека си многу стар. Уште еднаш честитки пријателе“, порачал Бекам.

Scroll to Top