Top Sport

Тензично на улиците и на теренот, ПАОК го освои Купот на Грција (Видео)

Фудбалерите на ПАОК, шести пат во клупската историја, го освоија Купот на Грција. ПАОК, во финалето, го победи АЕК со 2:0. Жестоките тепачки низ улиците на Атина, му претходеа на натпреварот, на кој шпанскиот судија Борбалан покажа три црвени картони.

Напаѓачот на ПАОК, српскиот репрезентативец Пријовиќ, не успеа да реализира пенал за ПАОК во 25.минута. Неговиот удар го одбрани голманот на АЕК, Баркас.

ПАОК до победата дојде со головите во второто полувреме. Најпрвин Виериња го отвори резултатот во 65.минута. Португалецот погоди од слободен удар. Конечниот резултат го постави Пелкас во 93.минута.

Играчот на ПАОК, Маурисио доби директен црвен картон во 80.минута, поради грубиот прекршок врз Серхио Араухо, а само една минута подоцна, играчот на АЕК и репрезентативецот БиХ, Врањеш, поради неспортско однесување го доби вториот жолт картон.

Во последните моменти од натпреварот ПАОК остана со уште еден играч помалку. Поради два жолти картони беше исклучен Варела.

Scroll to Top