Top Sport

Бејл: Чест е да те поврзуваат со Баерн

„Маките“ на Герет Бејл во Реал Мадрид не престануваат и оваа сезона, откако Велшанецот тешко добива место во првиот тим, но тој планира да остане во шпанската престолнина, иако поврзувањата со клуб како Баерн Минхен му ласкаат.

Шпекулациите околу иднината на Бејл се тука повеќе од една сезона, со Манчестер јунајтед како најверојатна опција, но во интервју за „Билд“, Бејл вели дека е чест да те поврзуваат со шампионите од Бундеслигата, Баерн Минхен.

„Никогаш не можете да отфрлите ништо во фудбалот. Но, засега јас сум фудбалер на Реал Мадрид и уживам во тоа“, вели Бејл.

Реал вечерва му гостуваат на Баерн Минхен во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите и се фаворити да стигнат до финалето и да се обидат да освојат трета титула во низа.

„Баерн имаат фантаастичен тим и во минатото покажаа дека се меѓу најдобрите и најуспешните европски клубови. На секого би му било чест да биде поврзан со овој клуб“, додава Бејл.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top