Top Sport

Надал продолжи да „гази“ и во Барселона

Победничката низа на светскиот број 1, Рафаел Надал на земјена подлога продолжи и на домашен терен во Барселона, откако со 6:4/6:4 го победи шпанскиот сонародник Роберт Карбалјес Баења во второто коло на Барселона опен, уште еден турнир на кој го брани трофејот.

Иако сите очекуваа експресен меч против светскиот број 77., Баења се покажа како упорен тенисер на земјена подлога, и му зеде осум гема во мечот, правејќи брејк за 2:0 во првиот сет. Во вториот сет, Баења повторно направи брејк за да врати на 3:3, но на крајот Надал го комплетираше мечот по час и 55 минути игра.

Следен за Рафа е уште еден Шпанец – Гијермо Гарсија-Лопез.

Фото: ЕПА

Scroll to Top