Тотенхем ги победи Брајтон со 2:1 во последниот денешен меч од Премиер лигата, но резултатот сигурно ќе биде во сенка поради тоа што се случуваше со ВАР системот и судијата Греем Скот при постигнувањето на голот на гостите.
Тимот на Жозе Мурињо поведе во 13-тата минута со гол од пенал на Хери Кејн, и имаше доминација во играта, пред во 56. минута, Тарик Лемпти да го постигне израмнувачкиот гол за Брајтон. Проблемот беше во тоа што имаше очигледен фаул пред да се постигне голот, а судијата Скот иако реши да го консултира ВАР системот, реши да остане на својата првична одлука и да го признае голот.
⚽️ GOAL!!!
Tottenham 1 – [1] Brighton – Tariq Lamptey 56′ #TOTBHAPlease retweet ?pic.twitter.com/7PXFjfMsQY
— noobfcb (@noobfcb) November 1, 2020
За среќа на Спарси, тука беше Герет Бејл, кој го постигна својот прв гол по враќањето во северен Лондон, односно прв гол по седум години и 166 дена за својот сакан тим во 73. минута по одличното нафрлање на Серхио Регуилон, вториот фудбалер кој летово пристигна од Реал Мадрид.
Со победата, Тотенхем се искачија на второто место на табелата со 14 поени, два помалку од лидерот Ливерпул, додека Брајтон остануваат 16-ти со седум освоени поени.