Top Sport

Бејл е „Планот Б“ на Манчестер Јунајтед

„Планот А“, трансферот на Џејдон Санчо, Манчестер Јунајтед не успеаја да го реализираат, сега ќе се подготвуваат за реализација на „Планот Б“, трансферот на Герет Бејл.

Стотици редови се напишани за односот што во последните две години владее помеѓу Герет Бејл и тренерот на Реал Зинедин Зидан. Влешанецот не е пожелен во Мадрид меѓутоа не сака да си оди се додека е под договор со клубот. Би заминал само доколку Реал му исплатат 34.000.000 евра колку што му следуваат со договорот.

Решението да замине може да биде и тоа Реал и Манчестер Јунајтед да ја поделат неговата плата.

Втората опција е Реал да го продаде Бејл за 20.000.000 евра, ова го тврдат шпанските медиуми.

Бејл во минатото три пати се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, него во тимот го сакаат сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојес и Жозе Мурињо.

Scroll to Top