Top Sport

Деца ќе ја дизајнираат топката за Суперкупот

Баерн Минхен и Севилја на 24 септември натпреварот во Суперкупот на УЕФА ќе го одиграат со специјално дизајнирана топка. Мечот во Суперкупот ќе биде првиот по 11 март на кој ќе им биде дозволено присуство на навивачите.

УЕФА избрале цртежи на 18 деца со посебни потреби кои ќе се најдат на топката со која ќе се одигра натпреварот.

Од Европската фудбалска унија открија дека изгледот на топката ќе биде откриен пред натпреварот кој ќе се одигра во Будимпешта.

Scroll to Top