Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс, Герет Бејл, поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Белгија, во квалификациите за Светското првенство.
Бејл, пред три дена, по пауза од два месеци играше фудбал. Против Белорусија го одигра 100.натпревар за Велс. Бејл на овој натпревар го одигра само првото полувреме.
Вчера тој работел индивидуално, а претпладнево Велшаните соопштија дека поради повреда нема да игра против Белгија.
Бејл ќе се врати во Мадрид на дополнителни лекарски прегледи.
Играчот за кого Реал на годишно ниво издвојува 17 милиони евра, нема одиграни ниту секунда за „кралскиот клуб“ од 18.август.
Договорот на Бејл со Реал истекува по завршувањето на сезоната.