Герет Бејл и покрај сите „непријатности“ кои ги доживува од навивачите на Реал Мадрид, едноставно не сака да мрдне од „Сантијаго Бернабеу“, откако наводно им порачал на првите луѓе на клубот дека планира да остане во клубот до крајот на договорот во 2022 година, јавува „Дејли мирор“.
Се веруваше дека Велшанецот ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок откако дојде во конфликт со Зинедин Зидан, но откако „пропадна“ неговиот трансфер во Кина, францускиот тренер повторно го врати во првиот тим. Покрај тоа, неодамна повторно се „разгореа“ критиките откако тој откако ги предводеше Велс до квалификување на Евро 2020 се фотографираше со велшко знаме и со порака: „Велс, голф, Мадрид, во тој редослед“.
Претходно неговиот агент директно се закануваше дека шпанската јавност се однесува неприкладно кон фудбалерот, а сега доаѓа веста дека Реал не треба да се обидат да заработат на напаѓачот со можен трансфер уште две години, кога Бејл би си заминал како слободен играч.