Карло Анчелоти, тренерот на реал Мадрид, потврдил дека Герет Бејл ќе замине од клубот по завршувањето на сезоната. Бејл, од почетокот на сезоната има проблем со повредите и со коронавирусот, поради што имаше долго отсуство од фудбалските терени.
МИнатиот викенд, против Виљареал, Велшенецот беше во почетната постава.
„Неговиот договор истекува и нема да биде продолжен. Сега се чувствува добро и сака да го заврши својот мандат во добра атмосфера“, рекол Анчелоти и дополнил.
„Не треба да се заборави дека во минатото тој му помогна на клубот во освојување на трофеи, особено во Лигата на шампионите и Купот на Кралот. Поради тоа неговиот мандат треба да заврши на највисоко можно ниво. Често разговарам со играчите и знам со какви проблеми се соочуваат. Кај Бејл ангажираноста на тренинзите никогаш не беше проблем, кај него проблем беа повредите. Би сакал да истакнам дека тој никогаш немал лоши односи со ниту еден соиграч, ниту со вработените во клубот“.
Реал вечерва гостува во Париз, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Постои можност Бејл и овој меч да го почне во стартната постава.