Герет Бејл наскоро ќе мора да реши дали ќе го продолжи договорот со Реал или ќе се врати во Англија. Интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем.
Велшанецот, не успева да се наметне и покрај тоа што во тимот повеќе го нема Крстијано Роналдо, поради што не е исклучено тој да го напушти Мадрид. Ниту навивачите не му се наклонети, а поради честите отсуства од тимот го нарекуваат „стаклениот човек“.
Деновиве, Бејл се наоѓа под посебна истрага на Ла Лига и Фудбалскиоѕ сојуз на Шпанија, поради непримерното славење на голот што го постигна против Атлетико.
Велшанецот го обвинија дека со недолична гестикулација на рацете го славел голот. Одлуката околу евентуалната казна ќе биде донесена до крајот на месецот.