Top Sport

Сколс: Нема да биде голема загуба ако Погба си замине

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс тврди дека нема да биде „голема загуба“ доколку Пол Погба реши да замине од „Олд Трафорд“.

Околу Погба има многу контроверзи по неговото враќање во Англија во 2016 година, откако беше во конфликт со претходниот менаџер Жозе Мурињо, а во текот на летото и покрај пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер тој јасно проговори дека сака „нов предизвик“, но Јунајтед не дозволи трансфер.

Сколс не е убеден во квалитетите на 26-годишниот Французин и мисли дека е јасно дека неговото време кај „ѓаволите“ е завршено.

„Мислам дека е јасно дека сака да си оди од клубот. Тој сака трансфер во Реал Мадрид, но тоа не се случи ова лето. Сепак, нмислам дека не е голема загуба ако Јунајтед го пуштат да си замине. На крајот на краиштата, неговата форма не е добра во последните три години. Сигурен сум дека има многу фудбалери кои можат да го заземат неговото место и да завршуваат подобра работа“, вели Сколс.

Scroll to Top