Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл воопшто не размислува летово да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Една година траат шпекулациите околу можниот трансфер на Бејл. Велшанецот минатото лето беше пред трансфер во Џангсу Сунинг, меѓутоа во последен момент тренерот Зидан се премисли и не му дозволи да замине.
„Мундо Депортиво“ пишува дека клубот има план да го продаде Бејл но сега тој не сакал да ја разгледува таа опција. Имал желба да остане во Мадрид до истекот на договорот, односно до 30 јуни 2022 година.
Интерес за Бејл има особено кај клубовите од Премиерлигата, меѓутоа проблем за сите е неговата плата и желбата да остане во Шпанија. Бејл во Реал заработува 17 милиони евра годишно.