Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл е сигурен дека Велс, полуфиналистот од Евро 2016, може да се пласира на шампионатот и следната година, додавајќи дека не би си го губел времето со репрезентацијата ако не верувал во тоа.
Бејл постигна гол во финишот на мечот со Азербејџан за 2:1 победа на тимот на Рајан Гигс со кој имаат шест поени од четири натпревари, на една победа од лидерите Хрватска и Унгарија. Велс е израмнет со Словачка, со кои играат следниот месец во можеби одлучувачки меч.
„Сигурно дека верувам во тимот, инаку не би бил тука и не би си го губел времето. Сакам да играм за Велс, сакам да играм на големите натпреварувања, бидејќи по Евро 2016 имам голема глад за успех. Сигурен сум дека можеме да успееме. Работиме на стилот на игра на Рајан Гигс и понекогаш е потребно време да се навикнеме“, вели Бејл.
30-годишниот Бејл со голот во петокот се одвои на четири гола од рекордот на Јан Раш со 32 гола и признава дека очекува да стигне до поголем број на голови.
„Имам цел во главата, но тоа е лична цел. Ако ја остварам одлично, ако не повторно океј. Најважно е да се победува“, вели Бејл.