Top Sport

Мхитарјан и Ерменија ја „казнија“ Босна! (видео)

Ерменија со 4:2 ја победи Босна и Херцеговина во Ереван за да ги заддржи малите шанси за пласман на Европското првенство во 2020 и во исто време на гостите да им ги загрози шансите за висок пласман.

Откако Един Џеко ја погоди стативата во втората минута, Ерменија во првиот напад поведе преку неговиот нов соиграч, Хенрик Мхитарјан. Веќе во 13. минута, Босанците се враќаат откако Гојак со одлична асистенција го наоѓа Џеко.

Во второто полувреме, Мхитарјан повторно го совладува Шехиќ во 66. минута за 2:1 водство, но гостите пак враќаат преку Амер Гојак, за последните 15 минути целосно да им припаднат на домаќините. Поранешниот вардарец Хамбарѕумјан добива топка од Мхитарјан во 77. минута за 3:2, за во 95. минута Лончар да си постигне смешен автогол за конечни 4:2.

ГРУПА

Ерменија – Босна и Херцеговина 4:2

Финска – Италија 20.45

Грција – Лихтенштајн 20.45

Табела: 1.Италија 15, 2.Финска 12, 3.Ерменија 9, 4.Босна и Херцеговина 7, 5.Грција 4, 6.Лихтенштајн 0

Scroll to Top