Top Sport

Бејл поради повредата нема да игра за Велс на октомвриските квалификации

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе биде изоставен од списокот на репрезентативци на Велс за претстојните квалификациски натпревари за СП 2020 поради повреда.

Бејл пропушти пет меча за „Кралевите“, а селекторот на Велс – Роберт Пејџ вели дека се работи за скината тетива, пренесува денеска „ББС“.

Избраникот рече дека првобитно е исплашен дека Бејл нема да биде во комбинација ниту за мечевите во ноември.

„Ако се оценува од 1 до 4, неговата повреда е близу 4, се работи за кинење на тетивата. Во постојан контакт сме за да о следиме развојот на ситуацијата. Овој собир дојде пребрзо за него, прво мислевме дека повредата ќе се развлече и за ноемвриските мечеви, но за среќа се опоравува подобро од очекувањата“ наведе тој.

Бејл во Прага против Чешка на 8. октомври требаше да го одигра 100-тиот натпревар за националниот тим. На 11 идниот месец Велс го очекува и гостување во Талин против Естонија.

На табелата во групата Е селекцијата на Велс по 4 натпревари е трета со 7 поени колку што има и второпласираната селекција на Чешка додека Белгија е прва со 16 бодови на 6 меча.

Scroll to Top