Top Sport

„Еурохопс“: Василије Мициќ – најдобар играч во Евролига нареднава сезона

Српскиот кошаркар Василије Мициќ е најдобриот кошаркар кој ќе настапува во Евролигата во новата сезона 2021/22. Ова го потврди специјализираниот кошаркарски портал „Еурохопс“.

Во коментарот на порталот се наведува дека се до последен момент делуваше дека Евролигата ќе загуби уште еден голем кошаркар по примерот на Лука Дончиќ, Факундо Кампацо, Богдан Богдановиќ, Милош Теодосиќ, Николо Мели, Екпе Јуди и други.

Мициќ ги „разби“ стереотипите, па откако ја освои титулата со Ефес, одлучи да се обиде истата да ја одбрани, па иако понудата од Оклахома беше примамлива, тој реши да остане во таборот на Ергин Атаман.

„Еурохопс“ пишува и дека Мициќ одигра сезона без грешка и својата игра ја подигна на повисоко ниво.

На второто место на оваа престижна ранг листа се најде името на Никола Миротиќ, додека трет е соиграчот на Мициќ – Шејн Ларкин.

Кариерата во Европа ја продолжи и Мајк Џејмс, а на листата се и Нандо де Коло, Јан Весели, Еди Таварес, Вил Клејбурн…

Scroll to Top