Top Sport

Бејл прекина интервју налутен од прашањето дали пак ќе заигра за Велс

Лутиот Герет Бејл го прекина интервјуто по поразот на Велс од 0:4 од Данска, кога беше запрашан дали ќе се повлече од репрезентацијата.

31-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем претходно изјави дека ќе ги открие плановите за иднината по ЕУРО 2020, но кога беше запрашан, тој веднаш го прекина интервјуто и си замина.

„Не сакавме вака да завршиме. Почнавме добро, но примивме гол и мечот се смени. Направивме грешка и тоа го уби мечот. Фрустрирачки е вака да си заминеш, но момците покажаа максимум“, изјави Бејл пред да биде запрашан за својата иднина.

Scroll to Top