Герет Бејл признава дека на почетокот му пречело кога навивачите на Реал Мадрид му свиркале, посебно по неговото контроверзно знаме на кое пишуваше „Велс. Голф. Мадрид. Во тој редослед“.
Тој беше исвиркан во првите два меча на „Сантијаго Бернабеу“ по овој инцидент по квалификувањето на Велс на Европското првенство и признава дека прво бил шокиран.
„Мислам дека кога се случи првпат, бев малку шокиран. Не знаев како да се справам со тоа. Но, бидејќи сум постар, го сфаќам тоа и сега веќе не ми пречи. Мораш да работиш напорно за да се докажуваш пред навивачите, но на крајот свирежите престануваат и твојата кариера продолжува како нормално“, вели Бејл.
Неговото знаме предизвика вистинска бура на реакции во Шпанија, каде што медиумите блиски на Реал го обвинија за „предавство“, а навивачите го кажаа своето на теренот.