Top Sport

Кога „спортско“ ракување ќе заврши со општа тепачка (видео)

Еден средношколски меч во кошарка во Феникс, Аризона заврши со апсолутен хаос, откако кошаркарите на двата тима беа вклучени во голема тепачка по крајот на мечот поради обично ракување.

Дуелот на средните училишта „Меса скајлајн“ и „Цезар Чавес“ заврши со победа на првите со 63:57 и ракувањето одеше според планот, сè додека еден ученик на Чавез го удри противникот и предизвика голема тепачка во која покрај учениците беа вклучени и тренерите и дел од публиката, пред полицијата да ја смири ситуацијата.

Училиштето „Цезар Чавез“ по ова доби суспензија од три меча.

Scroll to Top