Top Sport

Бејл само под еден услов би го напуштил Реал

Герет Бејл е проблемот со кој не можат да се справат во Реал Мадрид. Велшанецот има уште две години од договорот со Реал, а за да го напушти клубот има еден услов. Прашање е дали клубот ќе му ја исполни желбата иако тренерот Зинедин Зидан не смета сериозно на него во претстојната сезона.

Бејл е најплатениот фудбалер на Реал, годишно заработува 17 милиони евра. Тој неколку пати им порача на клупските челници дека без оглед на тоа дали играл или не нема намера да го напушти клубот.

Според шпанските медиуми тој би заминал само под еден услов.

„Исплатете ме и ќе заминам“, наводно му порачал Бејл на претседателот Флорентино Перез.

Бејл бара Реал да му ги исплати 34.000.000 евра кои му следуваат според договорот за да може како слободен играч да го напушти клубот.

Scroll to Top