Top Sport

Бејл се враќа против Фуенлабрада

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека Герет Бејл ќе се врати по паузата поради повреда во мечот од Копа дел Реј против Фуенлабрада во вторник.

Велшанецот нема настап откако постигна гол при 3:1 победата над Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите на 26 септември. Тој доби повреда на потколеницата во тој меч, а потоа дополнително го повреди бутниот мускул кога требаше да се врати на теренот.

„Идејата е Бејл да игра, но ќе видиме дали ќе биде така. Тој ќе биде со нас утре. Сакам да го видам на 100 отсто што е можно побргу. Сега е добар, само треба да игра“, вели Зидан.

Scroll to Top