Top Sport

Бејл се враќа во Тотенхем

Герет Бејл се враќа во Тотенхем. Англиските и шпанските медиуми тврдат дека Реал и Тотенхем се договориле под кои услови Велшанецот ќе се врати во северен Лондон. Наводно Бејл веќе им кажал на соиграчите дека заминува.

Бејл летото во 2013 година за тогаш рекордна сума од 91.000.000 евра од Тотенхем пристигна во Реал. Со „кралскиот клуб“ освои две титули во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите, меѓутоа во последната сезона речиси и да не играше кај Зинедин Зидан.

Во ситуација кога не игра за Реал беше најважно да се ослободи од неговата плата, која на годишно ниво изнесува 16.500.000 евра.

Медиумите тврдат дека Тотенхем ќе го позајмат на една сезона. За позајмицата клубот од Лондон ќе издвои 22.500.000 евра. Ова значи дека Бејл ќе биде најплатениот играч во кубот, а покрај тоа Реал ќе добијат и 6.000.000 евра за позајмицата.

Се шпекулира дека најдоцна до утре Реал и Тотенхем ќе ги завршат сите формалности околу преселбата на Бејл во Лондон.

Scroll to Top