Герет Бејл вели дека сите фудбалери „наликуваа на роботи“ бидејќи немаат слобода за избор околу сопствените животи.
Велшанецот, кој од 2013 со Реал Мадрид освои четири титули од Лигата на шампионите, беше во центарот на вниманието и оваа сезона, по грдото однесување кон него од навивачите на „кралскиот клуб“ и сè поизвесното заминување од шпанската престолнина по враќањето на Зинедин Зидан на тренерското место.
Бејл имаше само 14 гола во 42 меча оваа сезона во која требаше да биде главниот човек во клубот по заминувањето на Кристијано Роналдо. Сега, притисокот очигледно го прави своето и тој го посочува примерот на неговиот пријател, поранешниот велшки дефанзивец Луин Њатанга, кој се повлече од фудбалот за да се фокусира на семејството.
„Да, кога ќе се пензионираш ќе го вратиш својот живот, бидејќи како професионален спортист, не го бираш сопствениот распоред, посебно во тимските спортови, за разлика од голферите и тенисерите. Сите сме како роботи! Ни кажуваат каде да бидеме, кога да бидеме таму, кога да јадеме, што да правиме навечер. На некој начин го губиш животот и го правиш тоа што ќе ти го кажат. Некои луѓе сметаат дека е вредно да се жртвуваш, некои не. Луин е среќен сега мислам“, вели Бејл.